Трговски центри, маркети, маалски продавници, пазари и во другите продажни места ќе можат да продаваат пластични кеси до 2013 година, после тоа ќе бидат дозволени само хартиени и биоразградливи.
Вака одлучи Владата на вчерашната седница, по предлог на Министерството за животна средина.
Биоразградливите и хартиените кеси трговците не смеат да ги наплатуваат до 2013-та, а по 2 години Владата одново ќе размислува.
Министерството пред една година забрани да се даваат бесплатно пластичните кеси и ја намали нивната дебелина. Ваквата идеја беше со цел да се заштити животната средина. Но тенките кеси по цената од 2 денари не ги разубеди граѓаните и натаму да ги користат.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град