Власта ја разгледува можноста за предвремени избори

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе одржи седница на Извршниот комитет, по која треба да го изнесе конечниот став во врска со барањето на опозицијата за предвремени избори.

 |  Маја Савиќ  | 
glasanje
гласање

vmro-dpmneВМРО-ДПМНЕ денеска ќе одржи седница на Извршниот комитет, по која треба да го изнесе конечниот став во врска со барањето на опозицијата за предвремени избори.

Синоќа премиерот Никола Груевски ги собра коалициските партнери заедно да ја разгледаат можноста за распишување на предвремени избори.

„Вечерва се одржа состанок на претседателите и претставниците на партиите во коалицијата „За подобра Македонија“, при што беа разгледани актуелните барања на СДСМ“, изјави Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Беа направени анализи од повеќе аспекти, беа разгледани позициите на сите и во текот на утрешниот ден Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи седница, ќе ги разгледа сите овие аспекти и ќе ве информираме за понатамошните чекори“, додаде вчера Димовски.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top