И Македонија во документите на Викиликс

Друцас побара САД да го запре објавувањето на тајните документи за македонско-грчките односи.   

 |  Маја Савиќ  | 
wikileaks
wikileaks

DrucasГрчкиот министер за надворешни работи, Димитрис Друцас врачил протестна нота на американскиот амбасадор во Грција, Даниел Смит, и побарал Вашингтон да стори се за да се спречи објавувањето на тајни документи кои можат да и наштетат на Грција. Ова информација ја објави Канал 5, повикувајќи се на дипломатски извори во Атина.

Претседателот на ДПА Мендух Тачи вчера најави дека во наредниве денови се очекува Викиликс да објави документи кои што ќе ја потврдат грчката поврзаност со лица инволвирани во конфликтот од 2001 година. Во 250 илјади страници документи кои ја ставија Америка во најсериозна дипломатска криза во последниве децении се откриваат случаи кои можат да ги загрозат животите на многу оперативци, но и односите на Вашингтон со своите партнери и со Русија.

За Македонија во документите кои се објавени засега се откриваат детали од средбата на помошникот американски државен секретар Филип Гордон со советници на Саркози. Во извештајот се вели дека француските советници минатиот септември изразиле оптимизам дека во Грција ќе дојде посилна влада и ќе дозволи поголема флексибилност во грчко македонскиот спор. Гордон се согласил дека било каква посилна влада на Неа Демократија или Пасок ќе биде пофлексибилен партнер во преговорите. Според извештајот Гордон бил оптимист дека доколку меѓународната заедница може да ја убеди Македонија да не организира референдум, а Грција се откаже од менување на македонските пасоши може да има прогрес за името.

Откако Интернет страницата Викиликс соопшти дека е под сериозен софтверски напад и дека никој не може да пристапи на порталот тајните податоци ги пренесоа 5 влијaтелни западни медиуми.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top