Во Македонија привршува бербата на јаболката а Преспа е регион препознатлив по оваа култура зашто, докажано, климатските услови таму се идеални.
Но дали само климата доволна, без употреба на пестициди?
Не сите, ама кај некои јаболка се забележува вкус, што би се рекло, „на хемија“.
Некои произведувачи велат дека прскањето и повеќе од 10 пати е неопходно за да изгледа јаболкото убаво за око, оти таквите постигнуваат цена.
За експертите употребата на хемиски препарати е неизбежно во ера на зголемена потреба од храна и масовно производство.
-„Надворешно има позитивно влијание, но внатрешно имаме негативно влијание односно се зголемува количеството на отрови. Пеститицидите завршуваат секаде- во почвата, во листовите. Во однос на плодот, најмногу се задржуваат таму каде прво ќе паднат – на лушпата што не значи дека не навлегуваат и подлабоко во плодот.“-објаснува Марјан Кипријановски, професор на Земјоделскиот факлутет во Скопје.
Кипријановски уште вели дека кај нас има забрана за увоз на многу препарати коишто се користеле пред повеќе години, но секогаш имало и ќе има и несовесни луѓе.
На прашањето „дали некој води сметка за квалитетот на јаболката пред да се пуштат на пазарот?“ , Кипријановски, со одговор -„Не. Кај нас за жал нема таква работа. “
Постои дилема дали е поздраво да се лупи јаболкото или не.
Кипријановски: -„Лупењето е препорачливо ако не сакаме да внесуваме пестициди во организмот. Меѓутоа во лушпата има и големо количество на хранливи елементи.“
Годинава во Преспа се произведени околу 70 илјади тони јаболка.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град