Во Скопје ќе маршираат за толеранција

Целта на маршот е испраќање апел за политичка толеранција и намалување на говорот на омраза на политичката сцена.

 |  Маја Савиќ  | 
Marsh za tolerancija
Марш за толеранција

Целта на маршот е испраќање апел за политичка толеранција и намалување на говорот на омраза на политичката сцена. Овој марш се одржува по повод Меѓународниот ден на толеранцијата, 16 Ноември, воспоставен од ОН во 1995 година.
Marsh za tolerancija
– Апелираме за политичка толеранција и конструктивен дијалог меѓу сите креатори на јавните политики, јавното мислење и вредности! Апелираме за меѓуетничка толеранција и почитување на етничките, културните и религиозните разлики! Апелираме за толеранција и за превземање на решителни мерки за да стави крај на дискриминацијата врз основа на хендикеп, верска, социјална, политичка припадност или дискриминација врз основа на раса, пол, родов идентитет и изразување, сексуална ориентација или која било друга основа, стои во дописот од Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија.

Според Хелсиншкиот комитет, во Македонија меѓуетничките односи на сите нивоа се загрозени поради отсуството на политички дијалог.

Меѓународниот ден на толеранцијата се одбележува на различни начини низ целиот свет.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top