Започнa Скопскиот џез фестивал

Со настапите на кубанскиот композитор и пијанист Омар Соса со квартетот Afreecanos и на вокалот Марија Пиа де Вито од Италија со својот квартет, синоќа во Универзална сала почна 29-от Скопски џез фестивал.

 |  Маја Савиќ  | 
Patricia Barber
Патриција Барбер

В сабота ќе настапи еден од водечките биг-бендови во Европа Flat Earth Society од Белгија, а потоа и американската пејачка Патриша Барбер. Во клубот „Хард-Рок“ вечерта ќе настапи перкусионистот и композитор од Чикаго Кахил Ел’ Забар со саксофонистот Ернест Доукинс, џез трубачот Кори Вилкис и пејачката Нона Хендрикс.

Последната вечер во Македонската опера и балет ќе настапат саксофонистот Тригве Сеим и Фроде Халтли на хармоника. По нив ќе се претстават и норвешкиот гитарист Терје Рипдал и Берген Биг Банд со проектот „Crime Scene“. Фестивалот ќе заврши со концертот на џез триото Аронас од Англија.

Покровители на фестивалот се Министерството за култура и Град Скопје, а ексклузивен спонзор е Македонски телеком. За годинашното 29-то издание на Скопскиот џез фестивал, Пивара Скопје промовираше специјално пакување на Скопско со уникатна етикета која го симболизира нераскинливиот спој на моќниот џез со Скопско. Специјално за овој настан е промовирано Скопско limited Jazz edition во пакување од 0,33 литри и во ограничени количини.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top