„Тартан Арми“ пристигнуваат во Скопје

Гајди и навивачи во здолништа од вчера го окупираа централното градско подрачје.

Тоа е знак дека во Скопје пристигна „Тартан арми“, популарната група на навивачи на шкотската фудбалска репрезентација. Неколку стотици навивачи ги окупираа кафулињата на Кејот на Вардар и најавија дека денеска и утре ќе пристигнат уште 2-3 илјади симпатизери на Шкотска. Во Скопје пристигнавме во средата, градот ни се допаѓа. Единствен проблем ни претставува топлото време, на кое не сме навикнати. Затоа се ладиме со пиво – изјави Дејв Маршал, навивач на Сент Џонсон, каде што настапуваше македонскиот интернационалец Горан Станиќ. Очекувам тежок меч и победа од 2-1. Од вашата земја познат ми е Горан Станиќ, а го знам и Пандев, кој настапува во Лацио – додаде Маршал.

Расположение и отпимизам владееше и кај навивачите од Хибернијан. Единствен проблем за нив е немањето билет за мечот.

„Пробавме да купиме билет, но откако видоа дека носиме килт, не ни дозволија. Ако не најдеме билети, мечот ќе го следиме на видеобим. Постојано ја следиме репрезентацијата и се надеваме дека ќе најдеме карта. Очекувам победа од 1-0 – рече Џими Томас“, кој во еден агол на шкотското знаме што го носеше имаше сошиено и мало македонско знаме.

Јан Мекелтон од Единбург истакнува дека шкотските навивачи се пријателски расположени за разлика од фановите на нивниот најголем ривал Англија. На ниедно гостување немало инциденти.

„Очекувам во Скопје да пристигнат 4.000 навивачи. Се надевам на победа од 1-0 со гол на нашиот најдобар играч Џејмс Мекфаден. Кога игра репрезентацијата, не постои Селтик и Ренџер, туку сите навиваме за Шкотска“ – изјави Мекелтон, кој Пандев го смеша со Дарко Панчев велејќи дека го знае Панчев што игра во Лацио.

Навивачите во здолништа очекуваат дека нивните фудбалери ќе се навикнат на жештината во Скопје.

„Температурата во Единбург беше околу 17 степени. Тука, за разлика од дома е многу жешко. Има над 30 степени. Немам билет за натпреварот, но се надевам дека ќе купам. Сум бил на сите гостувања на репрезентацијата во минатите квалификации и секаде натпреварите ги следев на стадион“ – изјави Алан Симонс.

Навивачите што пристигнаа вчера немаа билети, но сите веќе имаа купено сувенири од Македонија: дресови, шалови, беџови и други дреболии, кои ќе ги потсетуваат дека биле во нашата земја. На натпреварот в сабота навивачите од популарната „Тартан арми“ ќе бидат сместени на источната трибина, а на Југ и Запад нема да им биде дозволен влез. Атмосферата на музика од гајди, здолништа и плаво-бела боја ќе владе наредниве неколку дена во Скопје.
Шкотските фудбалски навивачи исто така спроведоа хуманитарна акција во која се собрани 12,000 фунти за децата со хендикеп во Македонија

Шкотската навивачка група „Карирана војска” средствата ќе ги донира на две македонски социјални институции пред натпреварот Македонија-  Шкотска.

Ден пред натпреварот, в петок, шкотските фудбалски навивачи ќе донираат 4.000 фунти за Дневниот центар за деца бездомници во Шуто Оризари. Средствата ќе бидат наменети за набавка на основни потреби, како чевли, облека и учебници.

Донација од 8.000 фунти в сабота ќе биде доделена на Центарот за рехабилитација на деца и млади „Топанско поле”. Парите ќе бидат искористени за реновирање на тоалетите, како и за набавка на нови кревети и душеци.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top