Прилеп конечно ќе го добие својот фестивал на медот, во организација на пчеларското друштво од овој град. Манифестацијата ќе се одржи на 23-ти септември, а ќе трае три дена. Планирано е во центарот на градот да бидат поставени триесетина штандови, на кои свои производи ќе може да изложуваат, не само пчеларите од Прилеп туку и од цела Македонија.
„Нашата цел е да го промовираме македонскиот мед и да го иницираме поголемото користење на медот како здрава храна и нашиот проект се вика Медот – инвестиција во вашето здравје“, изјави Сашо Зафировски, координатор на фестивалот.
Пчеларите велат дека Македонците медот најчесто го користат кога е нарушено нивното здравје. Тие сакаат преку ваквите промоции на овој производ да ја сменат таа навика и медот да го воведат како редовна исхрана. Велат дека за жал, Македонците немаат голема навика да го користат, за разлика од нашите соседи каде тој се употребува многу често.
„Последни сознанија дека просекот на користење е некаде околу 300-400 грама по жител на годишно ниво. Штета е што не се користи“, додаде Зафировски.
„Секој жител на Грција во текот на годината користи 2,8 килограми на мед, а за разлика од другите држави Грција и воопшто не произведува мед“, вели Душко Дабевски, претседател на здружение на пчелари.
Според пчеларите малата консумација на медот кај Македонците се должи пред се на навиките, а не дека тој е скап производ, затоа апелираат неговата консумација да започне од најмала возраст.
„Една тегла мед, содржи 20-30 доручеци. Значи нема поздрав и поевтин доручек во текот на месецот“, рече Зафировски.
„Најновите истражувања во Германија докажале дека децата кои што почнале да го употребуваат медот на возраст од четири години, степенот на интелигенцијата им е зголемен за 30 проценти“, дополни Дабевски.
На овој фестивал освен медот ќе бидат изложени сите останати пчелни производи
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град