Македонец остана без бубрег на Миконос

Македонски граѓанин кој својот летен одмор го минувал на грчкиот остров Миконос, бил намамен од локална организирана банда за трговија со органи, по што останал без својот бубрег.

 |  Маја Савиќ  | 
Mikonos
Миконос

MikonosЕден македонски граѓанин кој со своето друштво престојувал на грчкиот остров Миконос, деновиве се врати во нашата земја, но без едниот бубрег.

Момчето било намамено од девојка со која бил излезен во дискотека на островот. На крајот од ноќта заедно заминале во куќата каде девојката била сместена. Откако наредниот ден не се вратил во хотелот каде што бил сместен заедно со своето друштво, тие почнале да го бараат. Другарите успеале да го лоцираат единствено преку сеќавањето за девојката и распрашувајќи се на островот дали некој ја познава и каде евентуално живее или е сместена. Кога ја нашле куќата каде што добиле информација дека престојува девојката, момчето било само и сеуште под дејство на опијати. Кога се пожалил дека има болки во грбот го соблекле и констатирале дека има постоператина рана на грбот. Случајот го пријавиле во полицијата на островот.

Семејството на момчето заради избегнување на било какви дополнителни трауми и непријатности, идентитетот го држи во тајност, а случајот го има пријавено единствено кај грчките полициски власти. Кирилица откако дозна за случајот се обиде да дознае повеќе во Министерството за надворешни работи, но тие досега не беа информирани за ваков случај. Веднаш покренаа постапка за информирање од грчките власти преку нашата амбасада во Атина.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top