Сите убиени во Аеродром биле мета на убиецот Денковски

Кога забележал дека на масата во кафеаната Биг Фиш седи и полицаецот Владо Милошев не се предомислил, напротив, тврдат извори од истрагата, помислил дека нарко мафијашите имаат полициска заштита и се решил да пука во сите.

 |  Маја Савиќ  | 
ubistvo
убиство

ubistvoМета на автоматската пушка на Тони Денковски биле сите тројца настрадани во минатонеделното пукање во скопската населба Аеродром – објави телевизија АЛФА . Според нивни извори во истрагата Денковски првично имал намера да стрела во велешаните Јордан Јорданов и Владо Андреевски. Кога забележал дека на масата во кафеаната Биг Фиш седи и полицаецот Владо Милошев не се предомислил, напротив, тврдат извори од истрагата, помислил дека нарко мафијашите имаат полициска заштита и се решил да пука во сите. Ваквите сознанија се спротивни на информациите пласирани од полицијата дека само Јордан Јорданов бил мета на нападот.

И експертите проценија дека нападот бил изведен професионално со цел да ги застрела само тројцата. Затоа не настрадал ниту еден гостин. Дури и девојката која седела на истата маса останала непогодена. Според резултатите од обдукцијата во телото на Јордан Ркулот биле испукани десетина проектили, нешто помалку во другите двајца. Тоа според форензиката, значи дека ниту еден не е погоден случајно.

Вчера советниците во општина Аеродром се обидоа настанот да го стават на дневен ред.

“Градоначалникот ни објасни дека немал кворум за таква седница, што е срамота“- изјави Марија Митановска, советник на СДСМ во општина Аеродром.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top