Преку недела може да работат од 07 до 24 часот, во петок и сабота, за и спроти празнични денови од 07 до 01 часот
Од 1-ви септември за угостителските објекти ќе се скрати работното време, согласно Законот за угостителска дејност.
Преку недела може да работат од 07 до 24 часот, во петок и сабота, за и спроти празнични денови од 07 до 01 часот. Ова важи за сите угостителски објекти за исхрана без оглед на видот услуги.
Диско клубовите и диско клубовите на отворен простор ќе работат од 19 до 04 часот, односно до 06 часот во петок, сабота, за и спроти празнични денови.
Државниот пазарен инспекторат ќе ги засили контролите во врска со почитувањето на работното време.
Според Министерството за економија, Советот на општината може да го продолжат работното време на угостителските објекти за еден час.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град