Норвешкиот педофил од ОБСЕ нема дипломатски пасош

Според податоци во норвешките медиуми, осомничениот се наоѓа во Норвешка.

 |  Маја Савиќ  | 
OSCE
ОБСЕ

OSCEНорвешкиот педофил кој работи во Мисијата на ОБСЕ во Македонија не поседува дипломатски пасош. Норвешкото МНР е запознато со случајот со претставникот на мисијата на ОБСЕ во земјава, осомничен дека се занимавал со детска порнографија, потврдуваат дека осомничениот е Норвежанец, но потенцираат дека тој не е вработен кај нив и не располага со норвешки дипломатски пасош.

– За сите прашања упатуваме на ОБСЕ, изјавил шефот за комуникации при Министерството, Бјорн Јансен.
За случајот од страна на македонската полиција била информирана и норвешката крим-полиција Крипос.

– Запознаени сме дека станува збор за заплена на детска порнографија, но истрагата се случува во Македонија. Немаме добиено барање да се ангажираме околу ова прашање, вели Ан Бај Сандал, шеф за информации при норвешката крим-полиција.
Според податоци во норвешките медиуми, осомничениот се наоѓа во Норвешка.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top