Македонците светски прваци во обложување

Според истражувањето на интернет пребарувачот „Гугл”, Македонците се светски прваци во спортско обложување, додека, пак, според анализата на американскиот весник Форбс, 40 отсто од населението во земјата ја практикува оваа игра на среќа.

 |  Маја Савиќ  | 
sportsko kladenje
спортско кладење

kladenjeСпоред истражувањето на интернет пребарувачот „Гугл”, Македонците се светски прваци во спортско обложување, додека, пак, според анализата на американскиот весник Форбс, 40 отсто од населението во земјата ја практикува оваа игра на среќа. Експертите велат дека обложувањето е најактуелно во земјите со низок животен стандард.
Обложувањето најчесто го практикуваат луѓето кои немаат редовна работа и тоа е во пораст во земјите каде има голема стапка на невработеност, вели социологот Илија Ацевски.
Секаде постојат игри на среќа и нашата држава не може да биде исклучок. Но, луѓето повеќе се склони кон верувањето дека на еден ваков начин ќе добијат пари, вели економистот Христо Карталов.
„Луѓето се надеваат дека најмногу ќе заработат тогаш кога најлошо живеат. Тоа е сериозен индикатор за тоа дека животниот стандард е лош, дека нема баш просперитетни можности за заработка на легалниот, нормалниот пристап што луѓето можат да го направат.“

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top