Македонија да промовира „зелен туризам“

Македонија има извонреден потенцијал за развој на алтернативниот туризам, велат од Асоцијацијата за балкански алтернативен туризам – “Балканија“, но државата треба сериозно да работи за да создаде предуслови за развој на туризмот, кој прво треба да ги привлече домашните, а потоа и странските туристи.

 |  Маја Савиќ  | 
Galicica
Галичица

NP GalicicaМакедонија има извонреден потенцијал за развој на алтернативниот туризам, велат од Асоцијацијата за балкански алтернативен туризам – “Балканија“, но државата треба сериозно да работи за да создаде предуслови за развој на туризмот, кој прво треба да ги привлече домашните, а потоа и странските туристи.

Мотивацијата треба да се гледа во тоа што од овој сектор, вложените пари брзо се враќаат.

– Македонија има извонреден потенцијал за развој на алтернативен туризам, за спа-центри и бањски туризам. Имаме и многу други можности, од типот на велосипедски, културен туризам, манифестации, традиционална храна. Охрид треба да биде бренд, мамка да дојдат, но цела Македонија треба да им се понуди на туристите – вели Владо Србиновски, претседател на Асоцијацијата за балкански алтернативен туризам – “Балканија”.

Промоцијата секогаш дава резултати, но лошата инфраструктура се уште е најголем проблем кај нас и треба да биде приоритет за Македонија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top