Кинески Господар на прстените ќе се снима во Македонија!?

Доколку дефинитивно се направи договор за снимање во земјава, би работеле од 2011 година.

 |  Маја Савиќ  | 
Lord of the rings
Господар на прстените

Lord of the ringsДоколку дефинитивно се направи договор за снимање во земјава, би работеле од 2011 година

Трилогија од кинеската митологија ќе биде снимена во Македонија. За време не Канскиот филмски фестивал, македонскиот Филмски фонд разговарал со кинески продуценти кои биле заинтересирани да направат сцени во земјава.

-Најсериозна е компанијата која се спрема да снима трилогија од кинеската митологија, или, како што кажа продуцентот кинески “Господар на прстените”. Филмот сакаат да го продуцираат и со компанијата “Сони”, но се уште се е на база на разговор. Доколку дефинитивно се направи договор за снимање во земјава, би работеле од 2011 година. Тие како продукција снимаат по десетина филмови годишно, но и телевизиски и други проекти”, велат од Филмскиот Фонд.

Тие велат дека освен кинескиот Господар на прстените имале неколку интересни состаноци со други компании што сакаат да снимаат во Македонија. Дефинитивните договори допрва ќе следуваат.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top