Северна Македонија неприфатлив предлог

Отпочнувањето на преговорите и добивањето на датум за преговори е нешто од што секоја страна би имала полза, изјави Милошоски.

 |  Маја Савиќ  | 
spor
спор

Antonio MiloshoskiИмето Северна Македонија за севкупна меѓународна употреба е едностран и целосно неприфатлив предлог, изјави шефот на дипломатијата Антонио Милошоски, по последната грчка понуда.

Шансите за компромис до крајот на јуни, кога завршува шпанското претседавање со ЕУ се сведени на минимум. Нема никакво приближување на ставовите ниту по последната средба на премиерите Никола Груевски и Јоргос Папандреу во Мадрид, а резултат не дадоа ниту големите дипломатски напори на Вашингтон и Брисел.

– Отпочнувањето на преговорите и добивањето на датум за преговори е нешто што секоја страна би имала полза, изјави Милошоски.

Наспроти ова грчкиот премиер Папандреу порача дека Грција нема да попушти додека не биде решен спорот за името.

Најавите дека предлогот ќе биде обелоденет на крајот на март, па средината на април и мај не се остварија, што упатува на заклучок дека Нимиц чека јасна согласност од Скопје и Атина за да не пропадне уште еден негов предлог.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top