Денеска на градските гробишта Бутел во Скопје ќе бидат погребани посмртните останки на директорката на Заводот за рехабилитација – Лилјана Угриновска која вчера 17 пати беше избодена со нож во вратот и градниот кош, од страна на нејзин колега доктор од заводот.
На инцидентот за кој нема сведоци, му претходела расправија меѓу двајцата лекари, која почнала во холот на заводот, а продолжила во канцеларијата на Угриновска. Според вработените во заводот, помеѓу докторот и неговата претпоставена и претходно постоело нетрпение.
Врз 64-годишната директорка на Заводот за рехабилитација во Козле, била извршена сложена операција на скопската клиника, но починала веднаш потоа. Полицијата се уште не ги знае или барем не ги открива причините за нападот. Пронајден е ножот, а осомничениот кој бил бил вработен во Заводот за физикална терапија и рехабилитација, е приведен.
Инаку, убиената директорка Угриновска е поранешна сопруга на познатиот неврохирург Јовица Угриновски и мајка на сопственикот на приватната поликлиника „Неуромедика“, Емил Угриновски.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град