Полицијата синоќа при акција во тетовско Ново Село заплени поголемо количество оружје, муниција и експлозив и приведе најмалку три лица.
Акција за откривање нелегално оружје во тетовско Ново Село, кое се наоѓа покрај автопатот Скопје – Тетово, во близина на месноста Карпалак започна доцна синоќа. Полицијата вршела претрес во неколку куќи во селото во потрага по лица за кои се сомневаат дека биле дел од криминални активности и шверц на оружје.
Засега нема официјална потврда дека уапсените се дел од групата на Харун Алиу кој беше убиен на патот за скопското село Радуша додека во комбе превезувал поголема количина оружје.
Градоначалникот на општина Желино, Фатмир Изаири, потврди дека во Ново Село имало полициска акција, но незнаше за исходот на претресите и кои биле причините за оваа акција. Полициски извори тврдат дека во синоќешната акција немало престрелки.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град