Претседавањето официјално ќе биде преземено кога Милошоски симболично ќе удри со чеканот – гавел.
Република Македонија денеска, за време на одржувањето на 120 сесија на Комитетот, во седиштето на организацијата во Стразбур, го презема претседавањето со Комитетот на министри на Советот на Европа.
Комитетот на министри го прифати именувањето „Македонско претседателство 2010“ и логото како што беше предложено во официјалниот документ доставен минатата недела од Министерството за надворешни работи на Република Македонија за приоритетите на македонското претседавање.
На денешната 120 сесија на Комитетот се очекува да присуствуваат 20-тина министри од земјите-членки на Советот на Еевропа, меѓу кои и Швеѓанецот Карл Билд, турскиот шеф на дипломатијата Ахмет Давитоглу, неговиот српски колега Вук Јеремиќ, како и алтернативниот шеф на грчката дипломатија Димитрис Друцас.
Шефот на македонската дипломатија Милошоски синоќа во Стразбур приреди вечера за министрите за надворешни работи од балканскиот регион.
Министрите за надворешни работи на Србија, Босна и Херцеговина и на Црна Гора, Јеремиќ, Свен Алкалај и Милан Рокен, како и државниот секретар за политички прашања на Хрватска Давор Божиновиќ и Милошоски разговарале за интензивирање на регионалната соработка во рамките на активностите на Советот на Европа.
Претседавањето Македонија го презема од Швајцарија, а во ноември ќе и го предаде на Турција.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град