Во скопскиот кривичен суд почна сослушувањето на сведоците – 57 лица кои давале од три до пет илјади евра за да стигнат до инвалидска пензија со лажна медицинска документација.
Се повикуваа еден по еден – сите признале дека им биле побарани илјадници евра од посредниците, лекарите и од членовите на комисиите кои сега се во притвор, пишува А1 ТВ.
Во наредните неколку дена во скопскиот кривичен суд треба да се појават пензионери и невработени лица кои успевале со лажна медицинска документација да стигнат до инвалидска пензија од 5 до 20 илјади денари, пренесува А1 ТВ. Дел од нив соработувале со полицијата уште пред да се отвори истрага. Преку нив истражните органи успеа да стигнат до 37. осомничени за малверзации со инвалидски пензии.
На листата сведоци има и такви кои платиле по 3.000 евра, а не добиле инвалидска пензија.
Во меѓувреме, 37-те осомничени членови на комисии, лекари и посредници остануваат во истражниот затвор во Шутка – нивните адвокати реагираат на условите – наместо по четворица, во секоја ќелија сега има по петмина затвореници.
Сите тие го чекаат обвинението, кога ќе почне судскиот процес за „Метастаза“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град