Кој ги замолчува македонските новинари?

На Светскиот ден на слобода на медиумите се поставува прашањето:Зошто Македонија е се’ полошо рангирана на листата на Фридом Хаус? Годинава e на 94 та позиција. Од земјите од регионот зад неа се само БиХ и Косово. Што мислат новинарите-кој ја ограничува слободата на печатот?

 |   | 
press freedom
слобода на печатот

CENSOREDЗагрижувачка состојба во новинарската професија, застој во сферата која по дефиниција треба да биде општествена авангарда и столб на демократските процеси. Новинарите се соочуваат со слабости во сопствените редови, немоќни се пред интересите на сопствениците на медиумите, неотпорни на влијанието на политиката. Главниот уредник на „Дневник“ Сашо Кокаланов се повикува на мудроста која вели дека слободата не се дава, туку се освојува. Затоа новинарите треба да тргнат од себеси во битката против ограничувањето на слободната мисла.

“Има една изрека која вели-’Кога ќе речам слободен сум, веќе е направен чекор кон освојување на слободата’. Значи ние треба прво во нашите глави да се ослободиме од автоцензура, потоа да се избориме со нашите газди, со менаџерите. Ако не успееме, илузорно е да очекуваме власта, која по дефиниција се труди да го освои медиумксиот простор, да ни ја даде слободата на тацна“, вели Кокаланов.

press freedom

Политички амбиции на медиумските газди

Самокритична е и Јадранка Костова, главен уредник на неделникот „Фокус“. Но, според неа, политичките амбиции на медуимските газди најмногу ја ограничуваат слободата на печатот. Бројот на критички настроени медуими се зголемува правопропорционално со намалувањето на обемот на владини реклами во нив, вели Костова.

“И во времето на Милошевиќ имаше медуими кои го критикуваа неговиот режим, но тоа не значи дека имаше слобода на печататот“, вели Костова.

Македонија е една од земјите со најголем број на медуими по глава на жител, особено елетронски. Бројноста ги прави  финансиски слаби и неопорни на бизнис и политички влијанија. Ако на почетокот на транзицијата плурализмот во медуската сфера беше браник на демократските вредности, сега медиумите се заразени со вирусот на непрофесионализам и недоверба во јавноста. Се разбира исклучоци има, а јавноста нив најдобро ги препознава.   
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top