Убиство во Чаир поради исклучена струја

Во скопската населба Чаир, во пицеријата Белисима на улица Џон Кенеди, денес беше убиен вработен во ЕВН од страна на „незадоволен“ корисник.

 |  Маја Савиќ  | 
policija
полиција

policijaВо скопската населба Чаир, во пицеријата Белисима на улица Џон Кенеди, денес беше убиен вработен во ЕВН од страна на „незадоволен“ корисник

Рамадан Рамадани од скопски Чаир е жртвата на вооружениот напад кој утринава се одвиваше во пицеријата Велисима.

Наместо утринско кафе, 45-годишниот Рамадани заработи полн шаржер од автоматска пушка во неговото тело. Според првичните информации во него пукал 22 годишниот Мухамед Иса. Убиецот веднаш по убиството побегнал.

Најверојатно причина за убиството е меѓусебното недоразбирање. Рамадани работел во ЕВН, а пред извесно време на Иса му била исклучена струјата поради заостанат долг. Според кажувањата на очевидци, Иса поради исклучената струја му се оддолжил на Рамадани. Момчето, според соседите, досега не правело проблеми, ниту имало расправии со некого.

Телото на Рамадани е предадено на обдукција, а полицијата трага по Иса.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top