Папа Бенедикт 16-ти: Македонија e богатa со духовно и културно наследство

Македонија и Македонците имаат богато историско, духовно и културно наследство што можат да и` го понудат и пренесат на Европа. Соработката, пак, меѓу различните религии и внатрешната кохезија можат да ја направат земјата пример за другите региони.

 |  Маја Савиќ  | 
papa
папа

papaМакедонија и Македонците имаат богато историско, духовно и културно наследство што можат да и` го понудат и пренесат на Европа. Соработката, пак, меѓу различните религии и внатрешната кохезија можат да ја направат земјата пример за другите региони.

Ова го истакнал папата Бенедикт 16. на средба во Ватикан со македонскиот амбасадор при Светата столица Ѓоко Ѓорѓиевски. Како што пренесува Католичката новинска агенција – ЦНА, папата искажал голема почит за културното и духовното наследство на Македонија и надеж оти ќе продолжи со зацрвстувањето на културната и духовната сила.
Поглаварот на Римокатоличката црква оценил дека „човечките и христијанските вредности се составен дел од животот на Македонците и бесценетото духовно и културно наследство на нацијата и оти стоејќи цврсто на својот духовен идентитет, Македонците ќе можат да им понудат и пренесат на Европејците дел од своето искуство“.
Папата Бенедикт 16. искажал и поддршка за македонската евроинтеграција. Изразил надеж дека Македонија „ќе стане дел од ЕУ без да ги загуби своите духовни и човечки вредности“.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top