Потпретседателот на ЕП оптимист за преговорите меѓу Македонија и ЕУ

Потпретседателот на Европскиот парламент Мигел Анхел Мартинез ја дели увереноста и оптимизмот на шефот на шпанската дипломатија Мигел Анхел Моратинос за почеток на преговори на Македонија со ЕУ и оценува дека тоа се темели врз добрите информаци и реализмот.

 |  Маја Савиќ  | 
Migel Moratinos
Мигел Моратинос

eu parlamentПотпретседателот на Европскиот парламент Мигел Анхел Мартинез ја дели увереноста и оптимизмот на шефот на шпанската дипломатија Мигел Анхел Моратинос за почеток на преговори на Македонија со ЕУ и оценува дека тоа се темели врз добрите информаци и реализмот

– Сè што Моратинос вели е реалност, ние двајцата сме големи оптимисти кои се потпираат врз реализмот и добрата информација. Јас сум повеќе од оптимист, јас сум ангажиран и го имам оптимизмот на некој кој мисли дека има право и длабоко е подготвен да се бори за кога сме во право, да се наметне разумот. Тоа е оптимизмот на правдата и на разумноста, вели Мартинез за Дојче веле, коментирајќи ја оптимистичката изјава на неговиот сопартиец Мигел Анхел Моратинос дадена во Скопје, дека Македонија за време на шпанското претседателство ќе ги почне преговорите за членство во ЕУ.

Сепак, смета дека не треба да се брза туку да се оди полека за да не се направат грешки.

– Тоа што е важно, не важно дали тоа ќе се случи за време на шпанското претседателство. Знаете во историјата на Шпанија имаше еден крал кој на својот слуга му велеше: облечи ме полека, бидејќи се брзам. Тоа е мисла која ја имам на ум. Мене исто така ми се брза да видам како Македонија и се приклучува на ЕУ, но потребно е да се оди полека за да не се направат грешки. Проблемот не се решава за еден или два месеца, ако тоа се случи за време на шпанското претседателство, тогаш тоа е уште подобро, јас ќе бидам задоволен. Но, ако се случи три месеци подоцна, тоа е исто така добро. Според мене важно е да се деблокира процесот и да започнат преговорите колку што е можно побрзо, истакнува Мартинез.

Овој искусен шпански европратеник претседаваше со Парламентарното собрание на Советот на Европа, во моментот кога тоа донесе одлука за приемот на Република Македонија, под привремената референца. И тогаш како и сега спорот за името беше една од пречките за членство.

На прашањето зошто во изминативе години Европа не знаеше да го реши овај проблем, Мартинез нагласува: – „Ова не е лесна работа, знаете тоа е проблем кој треба да се реши меѓу Македонците и некои нивни соседи. Ова прашање често предизвикуваше негодување кај мене и длабоко ме надразнуваше, бидејќи не можам да го сфатам добро проблемот. Во животот сум се нашол пред сложени работи, но ова според мене е едноставна ситуација која вештачки се усложнува. Се надевам и сигурен сум дека разумноста ќе надвладее, не можам да сфатам дека се забавува процесот од кој од една страна зависи напредокот на народот на оваа земја и од друга страна исполнувањето на европскиот проект во целина“, завршува потпретседателот на Европскиот парламент Мигел Анхел Мартинез.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top