Ги голтна темнината

Полицијата со несмален интензитет продолжува со потрагата по исчезнатите деца од Куманово и сериозно ги анализира околностите во кои се случил настанот.

 |  Маја Савиќ  | 
lulashka
лулашка

mvrПолицијата со несмален интензитет продолжува со потрагата по исчезнатите деца од Куманово и сериозно ги анализира околностите во кои се случил настанот.

МВР не отфрла ниту едно можно сценарио или алтернатива, вклучувајќи ја и можноста за трговија со деца или органи.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска информира дека засега нема ниту еден индикатор кој би водел во насока за можност од постоење криминална група која се занимава со трговија со деца. Сепак, потенцира таа, како сериозна институција ги анализираате сите информации, вклучително и информациите кои ги презентираат медиумите врз основа на нивни соглаедувања.

– Не би можеле да дадеме квалификација за кривично дело без при тоа да бидат обезбедени докази, кои поткрепуваат едно вакво тврдење. Тоа значи дека продолжуваме со несмален интензитет и на теренот, но и со дејствија кои се одвиваат на стручно ниво, изјави Јанкулоска, по денешната посета на катлановскиот мост каде вчера се случи тешка сообраќајна несреќа, во која животот го загубија пет лица.

На барање на новинарите министерката Јанкулоска ги појасни фазите односно процесот  на потрага по исчезнатите деца од страна на полицијата.

Министерката за внатрешни работи апелираше до граѓаните, посебно до семејствата кои можат да дадат најквалитетни информации, да ги достават сите сознанија кои ги имаат или ги добиваат во интерес на тоа децата да бидат пронајдени и вратени во семејствата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top