Солзи и пендреци во Шутка 102,3 отсто

Револтирани пазарџии вчера се судрија со полицијата во скопско Шуто Оризари.

 |  Маја Савиќ  | 
shutka
шутка

shutkaЛути фрлаа со камења кон полицајците, по што тие употребија солзавец за да ја растераат толпата. Околу 200 пазарџии со камењата оштетија неколку полициски џипови, но специјалците успеаја да ја смират ситуацијата, иако очевидци на настанот велат дека нивното присуство изгледало како подготовка за војна.
Причина за инцидентот кој вчера попладнето се случи во близина на отворениот пазар во ромската населба била акцијата на пазарната инспекција, при што на пазарџиите им била запленета стока, фалсификати на познати светски текстилни марки и техничка стока, во вредност од околу 20.000 евра.
Акцијата на запленувањето се одвивала на барање на владиното координативно тело за заштита на авторска и индустриска сопственост, со асистенција на МВР. Информации за повредени и приведени во инцидентот, кој почнал со навреди од пазарџиите кон инспекторите, немаше до затворањето на бројот, а тензиите во Шутка се смирија доцна попладнето.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top