Мнозинството членови на Советот на Сојузот на синдикати на Македонија донесоа одлука за смена на досегашниот претседател на Синдикатот, Ванчо Муратовски, а за в.д. претседател го назначија Живко Митревски, претседател на гранковиот Синдикат за шумарство.
Митревски по седницата изјави дека одлуката е донесена едногласно од страна на 40 присутни членови, од вкупно 64 членови на Советот на ССМ.
Претседателите на неколку гранкови синдикати неодамна покренаа иницијатива за смена на Муратовски, оспорувајќи го неговиот избор на последниот конгрес.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град