Во организацијата на агенцијата „Марили“ денеска во Скопје ќе се одржи изборот на 10 најуспешни жени менаџери во Република Македонија.
За најуспешни за изминатата година се прогласени Марица Угриновска – Баткоска од ВИА Фарм од Вевчани, Леа Бенедејчич од ОNE, Калиопе Букле од Kaliopi Music production, Елена Пандева – Китрозоска од модната куќа Елена Лука, Виолета Поп-Василева од Евроинс осигурување, Винка Саздова од издавачкиот центар „ТРИ“, Валентина Сетинова од Порше Македонија, Александра Дилевска – Симова од Публицис, Верица Милеска – Стефановска од Агенцијата за обезбедување на имот и лица „Лупус“ и Вита Хузјан од Визба Валандово.
Постигнатите резултати на менаџерките и на компаниите во коишто работат се следат во текот на целата година по што агенцијата Марили и нејзините стручни соработници од областа на економијата и јавните комуникации го определуваат најтесниот избор.
Манифестацијата годинава се одржува по 14-ти пат.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град