Сметките за струја со нов изглед

Граѓаните од 1 мај годинава ќе добиваат сметки за електрична енергија со нов изглед, со пресметки за потрошувачка за 30 дена. Читањето на броилата ќе се врши во четири периоди, утврдени според различни реони, а доставата на фактурите ќе ја врши Македонска пошта.

 |  Маја Савиќ  | 
evn
евн

smetkiГраѓаните од 1 мај годинава ќе добиваат сметки за електрична енергија со нов изглед, со пресметки за потрошувачка за 30 дена. Читањето на броилата ќе се врши во четири периоди, утврдени според различни реони, а доставата на фактурите ќе ја врши Македонска пошта.

Тоа е предвидено со новиот систем за отчитување, обработка и наплата на потрошена електрична енергија што го презентира вчера „ЕВН Македонија“ и најави дека ќе биде применет од 1 мај.

– Сите потрошувачи ќе имаат ист третман, односно ќе имаат иста количина фактурирана електрична енергија во сметката, од околу 30 дена. Ќе имаат различни датуми за плаќање, но по исти критериуми – вели Мирослав Митровски, директор за наплата во „ЕВН Македонија“.

За граѓаните што ќе бидат опфатени со првиот период, читањето на потрошената електрична енергија ќе биде од 1 до 7 во месецот, фактурирањето на 10, а датумот за плаќање 25. Во втората група читањето е од 8 до 14 во месецот, фактурирањето на 17, а рокот за плаќање до 2 наредниот месец. Потрошувачката на струја на третата група ќе се чита од 15 до 21, датумот на фактурирање е 24, а рокот за плаќање до 8 наредниот месец. На четвртата група, пак, броилата ќе им бидат читани од 22 до 28 во месецот, датум на фактурирање на 31, а рокот за плаќање до 15 наредниот месец.

Поради потребното време за интеграција на новиот систем, на почетокот на април на своите корисници „ЕВН Македонија“ ќе им достави две фактури за електрична енергија во досегашната форма – слично како и за време на годишните одмори. Пресметките ќе се однесуваат на отчитаните вредности за март и прогнозирани вредности за април. Фактурата за април, иако ќе биде доставена однапред, ќе биде со вообичаениот рок за плаќање до 15 мај.

Минатата година „ЕВН Македонија“ ја заврши со 94 проценти наплата. Исклучувањето поради неплатени сметки ќе биде по истекот на рокот за плаќање и рокот што ќе го наведе компанијата во опомената што ќе ја достави.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top