Со поместување на стрелките на часовниците за еден час напред в нелела (28 март) во 2 часот почнува летното сметање на времето.
Со поместување на стрелките на часовниците за еден час напред в нелела (28 март) во 2 часот почнува летното сметање на времето
Вообичаено летното сметање на времето стартува во последниот викенд од март со поместување на часовниците од 2 на 3 часот.
Во Македонија и во државите од нејзиното опкружување летно и зимско сметање на времето е воведено од 1983 година.
Преоѓањето од летно во зимско време првпат е применето во 1916 година во земјите од Северна Европа, а досега е воведено во 70 држави во светот. Целта е да се заштеди енергија со тоа што ќе се зголеми периодот на дневна светлина.
Во САД и во Канада летното сметање на времето годинава почна на 14 март, две недели порано отколку во Европа, а во Мексико ќе стартува на 4 април, а најголемо „шаренило“ има во азиските земји. Во Иран почна на 22 март, во Јордан, Сирија, Израел и на палестинските територии стартува денеска, во Либан, Азербејџан и Ерменија на 28, во Бангладеш на 31 март, а во Пакистан на 15 април.
Летното сметање на времето ќе трае до 31 октомври кога стрелките на часовниците ќе се поместат еден час наназад од 3 на 2 со што ќе почне зимското сметање на времето.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град