„Вима“: Грција е решена да продолжи да бара решение за спорот со Македонија

Грчката Влада е решена да преземе иницијативи за изнаоѓање решение за спорот со Македонија околу името и покрај тешката економска криза во која се наоѓа Грција, објави вчера атинскиот весник „Вима“.

 |  Маја Савиќ  | 
spor
спор

Gruevski PapandreuГрчката Влада е решена да преземе иницијативи за изнаоѓање решение за спорот со Македонија околу името и покрај тешката економска криза во која се наоѓа Грција, објави вчера атинскиот весник „Вима“

Весникот тврди дека за таа цел во четврток во Брисел грчкиот премиер Јоргос Папандреу ќе се сретне со својот македонски колега Никола Груевски. Според весникот, средбата, која е на иницијатива на Атина, изнанадила многумина, како поради избраниот тајмниг, така и поради местото на одржување.

– Фактот што Папандреу е решен да разговара за македонското прашање за време на одржувањето на Европскиот совет, на кој се очекува главна тема да биде финансиката помош за Грција, претставува доказ за значењато што Атина му го придава на проблемот, наведува весникот.

„Вима“ потсетува дека тоа би било трета средба на Папандреу со Груевски од неговото преземање на премиерската функција во октомври минатата година, нагласувајќи дека таа доаѓа во време на засилен притисок од страна на САД и ЕУ врз Атина и Скопје за инаоѓање решение за спорот.

Весникот меѓутоа пренесува и оценки на аналитичари од Арина, кои сметаат дека сега не е време за одржување на ваква средба, од причина што „Грција може да се најде под засилен притсок во услови кога нејзините позиции се ослабени“.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top