Софистицирани камери, нови алармни уреди и поголем број агенти за обезбедување ангажираат банките по серијата криминални упади и празнење на банкарските каси. Уни банка, откако улични банди и ги испразнија експозитурите во Мавровка и Скопјанка, од денска има ангажирано по двајца агенти кои стојат пред банката и на располагање имаат возило. Камерите снимаат со поголема резолуција за да може полесно да се идентификуваат крадците.
Затоа што криминалците користат маски тешко се препознаваат на снимките, но нападите им ги олеснуваат и агентите кои не смеат да користат оружје, туку само физички може да ги спречат или да пријават во полиција. Но откако бандата ќе излезе од банката со парите полицијата е надлежна да ги открие и да ги приведе. Годинава имаше седум грабежи на банки, полицијата ги приведе само крадците во Прилеп со половина милион евра.
Но неоткриени останаа разбојниците кои ги испразнија Уни Банка. ТТК банка, возилото на Кооперативна банка од Куманово. Овие групи крадци ги нема на списокот приведени изминатиот викенд кога Алфите на МВР привеле 45мина од потерници. Сега на тест се новите мерки за заштита на Уни Банка кои ќе мора да ги следат и другите банки за да ги заштитат парите, но и граѓаните.
Мерките се неопходни затоа што банките станаа лесен плен за крадците. Исто како бензинските пумпи и спортските обложувалници.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град