Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам од денес почнува со серија обуки на вработените во субјектите задолжени да превземаат мерки и дејствија за превенција против перењето на пари и финансирање на тероризам.
Целта на обуките е подобро запознавање на вработените во субјектите со законските обврски и светските трендови во оваа област.
Како што информираат од институцијата до крајот на март секојдневно ќе се одржуваат предавања, на кои ќе бидат обучени вработените во 240 менувачници од целата земја.
Според програмата наредните месеци обуката ќе ја посетат и околу 360 вработени во друштвата за застапување во осигурувањето, давателите на услуги брз трансфер на пари, брокерските куќи, друштвата за управување со инвестициски фондови, агенции за недвижности, казината и од здруженијата на граѓани.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град