Зголемен е бројот на барања за азил од македонски државјани во Швајцарија, објави SwissInfo.
Според бројките на Сојузната канцеларија за миграција, 166 македонски државјани побарале азил во Швајцарија во текот на февруари, речиси трипати повеќе од целата 2009-та година и девет пати повеќе од јануари 2010-та.
Вкупно, швајцарските власти во февруари добиле 1.176 барања за азил. Најголем број се од Македонија, а по нашата земја, на второ место е Еритреја, а на трето Нигерија.
По укинувањето на визниот режим со Шенген земјите на 19-ти декември 2009-та година, Белгија се соочи со зголемен број на барања од страна на македонски државјани. Како што денеска соопштија властите во Брисел, од 10-ти март ќе започне организирано враќање на барателите на азил.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град