Се чека на резултатите од вештачењето на бродот Илинден

Во секој миг во Охридскиот суд се очекуваат резултатите од вештачењето на бродот Илинден, за да се утврдат причините за неговото потонување на петти септември минатата година, кога животите во бродоломот во Охридското езеро ги загубија 15 бугарски туристи.

 |   | 
brod
брод

brodВо секој миг во Охридскиот суд се очекуваат резултатите од вештачењето на бродот Илинден, за да се утврдат причините за неговото потонување на петти септември минатата година, кога животите во бродоломот во Охридското езеро ги загубија 15 бугарски туристи.

Со тоа конечно, шест месеци по несреќата и три по последното вештачење на бродот во Охрид, треба да се заокружи истрагата и предметот да се предаде во јавното обвинителство, што ќе одлучи кој ќе одговара за инцидентот.

Од резултатите на стручната експертиза на вештаци од Машинскиот факултет во Скопје и од странство, кои два пати го испитуваа однесувањето на бродот под исто оптоварување како на денот на потонувањето,ќе зависи дали причината за тоа ќе биде лоцирана во поголемиот број патници на бродот, дефект во машинските делови или човечки фактор.

Исклучено е дека несреќата била акт на насилство или тероризам. Единствен осомничен засега е младиот капетан на бродот Сотир Филевски, кој по притворот се брани од слобода.

Неизвесно е дали за најголемата бродска трагедија кај нас, одговорност ќе понесе некој од Охридската капетанија,што ја контролира езерската пловидба и од надлежното министерство за транспорт и врски.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top