Груевски има конкретен предлог за името

Германскиот пратеник и претседател на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-РМ, Јорго Шацимаркакис, за ДВ ја потврдува информацијата, објавена по состанокот на македонскиот премиер Никола Груевски со европарламентарците.

 |  Маја Савиќ  | 
Gruevski
Груевски


EU parlament
Германскиот пратеник и претседател на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-РМ, Јорго Шацимаркакис, за ДВ ја потврдува информацијата, објавена по состанокот на македонскиот премиер Никола Груевски со европарламентарците.

“Можам да ви кажам дека премиерот има конкретен предлог. Но не е на мене да го соопштувам, туку тоа е негова обврска. Јас сум многу среќен што тој конечно се одлучи и предложи нови идеи, но на него е да ја информира својата јавност и својата земја за своите идеи. Јас сум среќен што Нимиц дојде во Европа без предлог. Ако дојдеше со предлог тоа ќе беше проблем за двете страни. Со оваа празна кутија, на главните преговарачи, Никола Груевски и Јоргос Папандреу останува да преговараат и можам да ве уверам дека двајцата имаат многу конкретни предлози. Мој впечаток е дека можат да најдат заеднички јазик“.

Шацимаркакис е уверен дека од двете страни има обновени заложби и нов дух.
Според него, премиерите на двете држави се подготвуваат да  му стават крај на спорот, а идентитетските прашања да ги решаваат надвор од преговарачкиот пакет.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top