Традиционалната српска вечер во Македонија, “Србите и пријателите” завчеравечер беше прекината по дојава за бомба, откако неидентификуван маж се заканил дека ќе ја активира доколку на средбата се појави српскиот егзарх Јован Вранишковски.
Традиционалната српска вечер во Македонија, “Србите и пријателите” завчеравечер беше прекината по дојава за бомба, откако неидентификуван маж се заканил дека ќе ја активира доколку на средбата се појави српскиот егзарх Јован Вранишковски.
Ова го пишува српскиот весник Блиц во своето денешно издание, додавајќи дека за властите во Скопје враќањето на владиката Јован во Македонија е неприфатливо.
Пред околу 20-ина дена, владиката Јован за првпат по неговото враќање во Македонија се појави на прославата на српскиот празник Света Сава што се одржа во Драмскиот театар и предизвика низа реакции како од медиумите така и од властите во Скопје, пишува српски Блиц.
Овојпат прославата на српската заедница во Македонија ја прекина дојавата за бомба на средбата во хотелот Александар Палас на која присуствуваа околу 1.000 граѓани од српско потекло.
Според пишувањата на белградски Блиц, македонската полиција потврдила дека станува збор за лажна дојава.
На свеченоста по повод денот на државноста на Србија не дојдоа претставници на македонските власти, што досега не се случило од осамостојувањето на Македонија, пишува Блиц.
Ставот на Србија да гради добрососедски односи со Скопје досега е повеќепати потврден и не се менувал, но според Блиц српската зедница во Македонија се почесто се соочува со тешкотии во поглед на ограничените права на слобода и вероисповед.
Според Блиц, српската зедница во Македонија се соочува со “лоши ветришта” кои произлегуваат од неподготвеноста на македонските власти да го решат спорот со црквата.
{loadposition content}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град