На Економскиот факултет „Гоце Делчев“ во Штип денеска ќе бидат промовирани 17 преведени книги со економска тематика од проектот „Превод на 500 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија”.

На промоцијата ќе присуствува премиерот Никола Груевски во придружба на министрите за образование и наука и за култура, Никола Тодоров и Елизабета Канческа–Милевска.
Груевски, кој денеска ќе престојува во посета на Штип, заедно со директорот на МЕПСО Владимир Здравев ќе ја пуштат во употреба и новата 400/110 KW трафостаница, лоцирана во индустрискиот дел на градот.
Владината делегација предводена од премиерот Груевски престојот во Штип ќе го искористи и за посета на галеријата на икони поставена во црквата „Свети Никола“, како и на археолошката поставка во штипскиот Завод и музеј.
Оваа вест е преземена од: Сител
{loadposition content}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град