ЕП ќе се произнесе за датум за Македонија

Европскиот парламент в среда ќе гласа по амандманите на Извештајот за Македонија

 |  Маја Савиќ  | 
eu parlament
еу парламент

Европскиот парламент в среда ќе гласа по амандманите на Извештајот за Македонија, со кои се бара во март оваа година Македонија да добие датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

eu parlament sednicaАмандманите  се поднесени  од страна на словенечкиот европратеник Зоран Талер, а со нив се повикува Брисел да асистира во преговарачкиот процес за спорот околу името.

Македонија во декември доби препорака за отпочнување на претпристапни преговори, но не и беше одреден точен датум поради спорот со Грција околу името на државата.

Евроамбасадорот во Македонија Ерван Фуере вчера во своето излагање во Европскиот парламент изрази надеж дека во најкус рок Македонија и Грција ќе најдат позитивно решение за спорот со името.

Фуере оцени дека билатералните контакти можат значително да помогнат во решавање на спорот, иако преговорите за името официјално се водат под покровителство на Обединетите нации.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top