Орден за заслуги за Македонија за високи дострели во професионалната музичка дејност како врвен пијанист, вчера напладне, претседателот Ѓорѓе Иванов му врачи на нашиот пијанист Симон Трпчевски.
Орденот е признание за исклучителен придонес на Трпчевски во збогатување на македонските културни вредности и нивна афирмација во светот.
За талентот на Трпчевски сведочат мноштво меѓународни успеси и највисоки критики, како и генералното мислење на музичките критичари низ светот дека Трпчески е еден од најдобрите пијанисти на сите времиња. Има снимено 4 албуми, кои критиката ги оцени како ремек-дела на овој век.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град