Одлуката за намалување на цените ја донесе Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), на состанокот одржан во понеделник.
Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,54, односно 1,72 отсто.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 62 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава за 63,50, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 49,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намали за 0,50 денари и се продава за 38,50 денари за литар.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град