На сцената на Македонската Опера и Балет вечерва ќе биде изведена сценската кантата „Кармина бурана“ на Карл Орф.
Кореографијата и либретето на претставата е на Кан Аслан од Турција, сценографијата е на Живојин Трајановиќ, а костимите се на Гизем Бетил од Турција. Асистент на кореографот е Ана Лусија Фереира од Португалија.
Под диригентската палка на Бисера Чадловска настапуваат солистите на Балетот Александра Мијалкова, Мими Поп Алексова, Ивана Коцевска, Дмитро Чеботар (Украина) и Бобан Ковачевски, а како оперски солисти ќе ги видиме Славица Галиќ-Петровска (сопран), Горан Начевски (баритон) и Дејан Стоев (тенор).
Во претставата учествува оркестарот и комплетниот оперско-балетски ансамбл на МОБ.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град