Примарна цел на проектот кој ќе трае три години се конзерваторско-реставраторски зафати врз архитектурата и фрескоживописот на црквата.
Министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска и амбасадорот на САД во Република Македонија Филип Рикер денеска во Охрид ќе потпишат Договор за доделување грант за реставрација и ревитализација на манастирскиот комплекс „Св. Богородица Перивлепта“ во Охрид, еден од најрепрезентативните сакрални објекти во Република Македонија.
Примарна цел на проектот кој ќе трае три години се конзерваторско-реставраторски зафати врз архитектурата и фрескоживописот на црквата и конзерваторски интервенции на северниот конак и на камбанаријата.
На потпишувањето на договорот за грантот што го доделува Амбасадата на САД, ќе присуствува и претседателот Ѓорге Иванов.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град