Собранието ќе расправа за Извештајот на ЕК за Македонија

Македонското Собрание денеска ќе ја одржи 78. седница, на која ќе се расправа за Годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2009 година.

Sobranie na RM
Собрание на РМ

Македонското Собрание денеска ќе ја одржи 78. седница, на која ќе се расправа за Годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2009 година.

Evropska komisijaНа дневниот ред се и предлог – законите за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Кабинетот на министри на Украина за заемна заштита на класифицирани информации, за органско земјоделско производство (прво читање), како и предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за азил и привремена заштита (прво читање), на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост (прво читање) и на Законот за платите на судиите (прво читање).
Пратениците се очекува да дискутираат и по предлог – законите за основање на Македонска академска истражувачка мрежа (прво читање), како и за платите на јавните обвинители (прво читање).
На дневниот ред на 78. собраниска седница се и предлог – законите за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (прво читање), на Законот за основното образование (прво читање), на Законот за средното образование (прво читање), на Законот за Државниот испитен центар (прво читање), на Законот за Бирото за развој на образованието (прво читање), како и на Законот за стручно образование и обука (прво читање.
Предлог – законите за дополнување на Законот за просветната инспекција (прво читање) на Законот за радиодифузната дејност (прво читање, на закон за изменување и дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони(второ читање), но и  Предлог – закон за задолжување на Република Македонија кај Банката за развој при Советот на Европа по Рамковниот договор за заем за делумно финансирање на Проектот за домување на социјално ранливи групи (второ читање) и  за задолжување на Република Македонија со заем кај Кредитната банка за обнова-КФВ по Договорот за заем за проектот ,,Наводнување на јужната долина на реката Вардар – фаза II” (второ читање), се на агендата на денешната седница.
Како што е најавено, пратениците во рамки на оваа седница ќе расправаат и по дополнетиот предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовински плаќања (второ читање), на Законот за данокот на додадена вредност (второ читање), на Законот за платниот промет (второ читање), на Законот за даночна постапка (второ читање), но и за  Предлог на Национална стратегија за одржлив развој на Република Македонија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top