Заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија, Васко Наумовски, ќе учествува на дебатата „Дијалог за прогресот и проспектите на проширувањето на Европската Унија“, која ќе се одржи денес во Брисел.
Дебатата ќе ја отвори комесарот за проширување на Европската комисија Оли Рен, а свои излагања ќе имаат и Мајкл Ли, директор на Генералниот директорат за проширување и Бранко Баричевиќ, амбасадор на Хрватска во ЕУ, се вели во соопштението од секретаријатот за европски прашања.
Наумовски на дебатата ќе дискутира за сегашната состојба со проширувањето од аспект на последните извештаи за напредокот, како и за главните предизвици на процесот на проширување.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град