Нов претседател на Студентскиот парламент на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ се избира денеска меѓу единствените двајца кандидати Иван Живковски и Иван Саздовски.
Кандидатите за нов студентски лидер минатата недела потпишаа Декларација за фер избори, апелирајќи гласањето да биде демократско и да не се повторат изборните инциденти од изборите пред две години.
И двајцата кандидати промовирајќи ги своите изборни програми, порачаа дека ќе се залагаат за реновирање на студентски домови, изградба на нов студентски центар, подобрување на исхраната во студентските мензи и бесплатни учебници за сите студентите.
Живковски, актуелен претседател на Сојузот на студенти на Правниот факултет,- „Јустинијан Први“ или Саздовски, студент на Економскиот факултет, ќе го заменат студентскиот лидер Самоил Малчески, чиј мандат истекува.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град