Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов кој е во официјална посета на Република Турција, денеска ќе се сретне со неговиот турски колега Абдуха Ѓул.
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов кој е во официјална посета на Република Турција, денеска ќе се сретне со неговиот турски колега Абдуха Ѓул.
По средбата, на пленарната средба на двете дравни делегации ќе биде потпишан Договор за протокол за цивилно воздухопловство.
Шефот на македонската држава попладне ќе се сретне и со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, а ќе положи и венец во Мавзолејот на основоположникот на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк.
Претседателот Иванов вечерта ќе има предавање на ТОББ-ЕТУ универзитетот, каде што ќе му биде врачена титулата почесен доктор на науки.
Македонската делегација в сабота од Анкара заминува за Истанбул каде што се предвидени средби на претставнци на здруженија и организации на иселеници од Македонија.
Посетата на Турција претседателот Ѓорге Иванов ја завршува в недела, со средба со поглаварот на Цариградската патријаршија, Вселенскиот патријарх Вартоломеј.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град