Со операта „Бал под маски“ од Џузепе Верди, Македонската Опера вечер во 20 часот свечено ќе ја отвори сезоната 2009/2010.
Диригент е маестро Саша Николовски – Ѓумар, а во главните ликови ќе настапат солистичката екипа на МОБ и гостинот од Бугарија Делјан Славов.
Ѓорѓи Цуцковски го игра Густав Трети, Сандра Митровска Амелија, во ликот на Ренато ќе се претстави Горан Начевски, Марика Поповиќ ќе ја игра Улрика, а гостинот Славов на сцената ќе ја донесе улогата на Самуел.
Претставата е во режија на Урсула Хорнер од Австрија со сценографија на Марија Ветероска. Костимите се на Марија Пупучевска, а Олга Панго е автор на кореографија.
„Бал под маски“ е базирана на вистински настан – убиството на шведскиот крал Густав Трети на маскенбал во Стокхолм во 1792 година. Операта на сцената на МОБ е обновена после 20 година, а со неа годинава беа отворени овогодинешните Мајски оперски вечери.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град