Али Ахмети ја поздрави одлуката за корекција на енциклопедијата

Во земјава да владее мир, проблемите да се решат на вистински начин и да се рефлектира вистината во идната исправена енциклопедија со учеството на албанските академици, изјави тој.

Ali Ahmeti
Али Ахмети

Во земјава да владее мир, проблемите да се решат на вистински начин и да се рефлектира вистината во идната исправена енциклопедија со учеството на албанските академици, изјави тој.

Ali AhmetiЛидерот на ДУИ Али Ахмети вчера ја поздрави последната одлука на МАНУ за да ги поправи спорните делови на „Македонската енциклопедија“. Тој рече дека оваа одлука на МАНУ е резултат на сите, почнувајќи од интелектуалците, па до политичките партии.
– Сметам дека тоа што веќе се случи со синоќешното соопштение на МАНУ е голем придонес не само за намалување на тензиите, туку е и голема придобивка за државата. Во земјава да владее мир, проблемите да се решат на вистински начин и да се рефлектира вистината во идната исправена енциклопедија со учеството на албанските академици и интелектуалци. Да се најде заеднички јазик меѓу луѓето од науката и културата, независно од која етничка заедница доаѓаат, изјави Ахмети за АЛСАТ.
Запрашан дали тој и премиерот Никола Груевски со нивната последна средба влијаеле врз МАНУ во носењето на ваквата одлука, Ахмети рече дека средбата со премиерот беше важна и резултира со смирување на состојбата.
– Тоа беше важна средба, на која разменивме мислења и заеднички оценивме дека овој документ ги навредува Албанците, при што и во заедничкато соопштение упативме оправдан повик до МАНУ тие да ги превземаат ваквите чекори. Сметам дека Груевски позитивно влијаеше за намалување на тензиите, а упати и порака до македонските граѓани дека ние не сме заинтересирани за проблеми, за судири, додаде Ахмети.
Лидерот на ДУИ вели дека последните проблеми со „Македонската енциклопедија“ ја отворија и можноста за реформи во МАНУ.
– Се надевам дека можеби сега е времето да се дискутира и за позицијата на МАНУ. Да се преразгледаат и законите, како што е оној за високо образование, законот за МАНУ… Да се види колку се усогласени Законот за високо образование и Законот за функционирање на МАНУ, вели Ахмети.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top