На Армискиот полигон (АП) „Криволак“ денеска ќе се изведе бојно гаѓање на цели во воздух со лесен преносен ракетен систем (ЛПРС) „ИГЛА“ кое ќе го изведат припадниците на баталјонот за противвоздушна одбрана (бнПВО) од составот на Здружената оперативна команда (ЗОК) на АРМ.
Гаѓањето со „ИГЛА“ на АП „Криволак“ бнПВО ќе го реализира во рамките на билатералната здружена вежба „Предизвик-09“ која од 20 септември ја изведува заедно со припадниците на Армијата на Република Словенија.
На гаѓањето ќе присуствуваат министерот за одбрана Зоран Коњановски, заменикот на началникот на Генералштабот на АРМ генерал-мајор Насер Сејдини, командантот на ЗОК генерал-мајор Зоран Димов, военото аташе на Република Словенија во Република Македонија полковник Јанез Батура, воените аташеа акредитирани во Република Македонија и други гости.
Клучниот персонал од баталјонот за противвоздушна одбрана на АРМ веќе две години наназад, еден дел од обуката и усовршувањето на системот „ИГЛА“ го реализира во соработка со ваква единица од Армијата на Република Словенија, што придонесе оваа година тие заеднички да изведат тактичка вежба на АП „Криволак“ која утре ќе се заврши со гаѓање на цели во воздух, претставува уште една потврда за одличната соработка помеѓу АРМ и Армијата на Република Словенија, но и за можностите за изведување модерна обука според стандардите на НАТО кои ги нуди АП „Криволак“.
Инаку, ПВО системот „ИГЛА“ е наменет за уништување цели во воздушниот простор на височини до 3.500 метри, при што во борбениот комплет има IC самонаведувани ракети SA-18, кои ќе се користат и на денешното гаѓање.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град